Почетна / Забава / Директен пренос од самоубиство на Твитер

Директен пренос од самоубиство на Твитер

 

По скандалот со објавувањето на фотографиите на кои се гледаат неговите пресечени вени, па тврдењето на неговите пријатели дека тоа било само шега, Кристијан Чавез преку видео порака се огласи и потврди дека навистина сакал да се самоубие и оти неговите пријатели лажат само за да му го заштитат угледот.

„Важно ми е да разјаснам дека фотографиите што ги објавив се реални. Минувам низ особено тежок период и знам дека не сум единствен. Знам дека уште многу млади луѓе минуваат низ такви моменти, сакав да се убијам. Меѓутоа, исто така знам дека со помош од љубовта на родителите и вашата љубов, мои фанови, јас ќе продолжам напред“, изјави некогашниот бунтовник.

 

Пред само неколку дена тој на својот Твитер профил своите фанови ги повика да го следат директниот пренос од неговото самоубиство, потоа објави фотографии кои ја шокираа јавноста како и медиумите.

Кристијан Чавез е поранешен член на мегапопуларната музичка група RBD, односно групата од серијата „Rebelde“.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Теа Таировиќ на 11 јули под отворено небо во Битола

По преполните арени и спектакуларните настапи низ балканските метрополи, музичката сензација Теа Таировиќ ќе одржи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!