Почетна / Забава / Дали Есма потајно сака сала со нејзиното име?

Дали Есма потајно сака сала со нејзиното име?

 

Есма Реџепова била единствената на вчерашната седница на Советот на Град Скопје која гласала против иницијативата, Универзална сала да го носи името на Тоше Проески, пренесе Утрински весник.

 

 

Таа вели дека не е спорен ликот и делото на Тоше, но по него, веќе има крстено многу улици, фонтани и мостови, a во државата има и други важни пејачи.

„Зар еден Сариевски, Васка, Бадев, Вања Лазарова, па и Виолета Томовска не заслужуваат Универзална да се крсти по нив. Па, по Тоше именуваа и фонтани и улици и што уште не. Зар некој се срами од народните пејачи. На секој чекор се пеат „Зајди, зајди“ и други народни песни, а никој не им оддава почит на нивните автори и изведувачи“, коментира Есма на прашањето на Утрински од кои причини во Советот гласаше против предлогот на Трајановски за новото име на Универзална.

Дали можеби Есма смета дека кариерата на Тоше е „потенка“ во однос на споменатите пејачи?

„Сметам дека се направи неправда, но секој има право на глас“, кажала Есма и тврди дека во случајов, всушност, воопшто не станува збор за нејзина скриена желба концертната сала во Скопје да го носи нејзиното име.

„Не, благодарам, не сакам да ја именуваат по мене. Доволно ме знаат во светот како кралица на ромската песна“, вели Реџепова-Теодосиевска, која во советничката фотелја на Советот на Град Скопје седи веќе трет мандат.

Есма, зарем заборави дека Тоше беше единствениот кој пет пати ја наполни токму оваа сала до последното столче ден за ден и ако имаше простор ќе се одржеа уште концерти? Тоше беше пејач, а како таков заслужува салата во која секогаш собирал најмногу насмевки и буквално ја „уривал“ од громогласно пеење и аплауз да го носи неговото име. Никој не ги оспорува делата кои Сариевски, Васка, Бадев, Вања Лазарова и Виолета Томовска ги оставиле зад себе, но Тоше беше ѕвезда која се појави и згасна многу брзо. Додека беше жив ги разгоруваше срцата на сите, од најмладо, до најстаро, а неговото заминување предизвика неописива празнина и непомирување. Споменот за Тоше е свет, желбата Универзална сала да се вика Тоше Проески, потсетуваме е иницијатива поттикната од самите обожуватели на Тоше! Иако негира дека сака салата да го носи нејзиното име, дали со својот глас „против“ Есма ни упатува порака дека нејзиното дело овде никој толку не го возвишил досега? Есма никогаш не ја пропушта шансата да истакне дека е Кралица на ромската музика и дека неа ја познава целиот свет. Како ли ќе се почувствува ако некој се обиде да и го оспори истиот тој успех за кој толку често слушаме?

Вистина.мк

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На овие места може да набавите влезници за концертот на Ерос

Резервирајте ги вашите омилени места во А1 Арената и спремете се за одлично италијанско шоу …