Почетна / Забава / Давор Марковиќ со нов провокативен спот

Давор Марковиќ со нов провокативен спот

 

Српскиот пејач Давор Марковиќ неодамна го објави неговиот нов сингл насловен „Прати ме, пратим те“, за кој пред неколку дена промовираше и видео запис. Покрај атрактивните девојки, гостува и водителката Ана Севиќ, а режијата е на познатиот Дејан Миличевиќ. Пејачот го издаде својот прв албум во април

 

Српскиот пејач Давор Марковиќ неодамна го објави неговиот нов сингл насловен „Прати ме, пратим те“, за кој пред неколку дена промовираше и видео запис. Покрај атрактивните девојки, гостува и водителката Ана Севиќ, а режијата е на познатиот Дејан Миличевиќ. Пејачот го издаде својот прв албум во април минатата година, а познат е по провокативните видео записи во кои често се појавува старлетата Сораја.

 

 

– „Сега уживам во популарноста која ми расте во Србија од ден во ден и се надевам дека тој успех ќе го постигнам и кај вас затоа што македонската публика знае да препознае квалитет. Среќен сум што работата ми оди добро, а и приватно во љубовта почнувам да бидам среќен. Се радувам што добивам многу повици од Македонија, и наскоро ќе дојдеме со Сораја“, изјави Давор Марковиќ.

Прво што му текнува на пејачот кога некој ќе ја спомне Македонија е токму нашата легенда Тоше Проески, потоа центарот на Скопје, добрата храна и одличната публика. Давор во Македонија снимаше видео запис преку кој го промовираше туризмот и нашиот бисер – Охрид. Музичката дистрибуција на видеото ја врши канадската компанија OnAir.FM преку нејзиното претставништво во Македонија, OnAir.FM Macedonia.

 

{gallery}012013/davorm/{/gallery}

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт „Поврзување” во Филхармонија под диригенство на Чадловска

„Поврзување” е насловен концертот на Македонската филхармонија, кој ќе се одржи овој четврток, 14 март …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!