Почетна / Вебновела / Одмазда – љубов и смртна казна (41. продолжение)

Одмазда – љубов и смртна казна (41. продолжение)

 
Светлината од отворената врата ги заслепи очите на Анибал кој беше привикнат на мракот во шталата. Беше жеден, гладен, а разете на зглобовите го болеа онаму каде што беше заврзан. Прво забележа сенка, а потоа и јасните црти на својот татко.
– Станувај, – му нареди.
Одвај успеа да се исправи. Го болеа колената од клечење а грбот од ударите на стапот.
– Пушти ме да излезам одовде, те молам. Пушти ме да излезам, – очајно молеше.
– Ќе те пуштам да излезеш но само под еден услов.
– Се што треба да направам. Се колнам.

 

ОДМАЗДА
љубов и смртна казна 

Продолжение 41 – „Свадба“

 

Светлината од отворената врата ги заслепи очите на Анибал кој беше привикнат на мракот во шталата. Беше жеден, гладен, а разете на зглобовите го болеа онаму каде што беше заврзан. Прво забележа сенка, а потоа и јасните црти на својот татко.
– Станувај, – му нареди.
Одвај успеа да се исправи. Го болеа колената од клечење а грбот од ударите на стапот.
– Пушти ме да излезам одовде, те молам. Пушти ме да излезам, – очајно молеше.
– Ќе те пуштам да излезеш но само под еден услов.
– Се што треба да направам. Се колнам.

Лукреција очајно имаше потреба да разговара со својата ќерка која целиот ден ја избегнуваше. Алисиња беше јасна дека не сака да разговара со својата мајка, но Лукреција инсистираше.
– Алисиња мораш да ме разбереш. Фаусто се поместил од умот. Фали малку за да го убие Анибал.
– Тоа не е мој проблем, – ладно одговори Лукреција.
– Мораш да ми помогнеш за го спасиме Анибал.
– Морам? Ти си таа која инсистираше на тој брак иако секогаш велев дека не сакам да се мажам.
– Алисиња, те молам, ти си единстевната која може да му помогне.
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– За Фаусто да се смири, мораш да се омажиш за Анибал.
– Си полудела, мајко. Немам намера да те слушам.
– Ќерко, сослушај ме те молам. Животот на Анибал зависи од тебе, – и потенцираше јасно.

Скромната свадбена церемонија се одржа истото попладне, на зајдисонце во семејната капела на Темпестад. Како сведоци на бракот крунисан од локалниот бискуп беа сите членови на фамилијата. Анибал одвај стоеше пред олтарот. Сеуште беше слаб поради нанесените телесни удари. Гледаше пред себе како кон олтарот чекори неговата невеста придружувана од својата мајка. Алис носеше превез преку главата и фустан во крем боја. Тоа беше најмногу што можеше да се подготви за навеста за толку краток период. Направи чекор наназад и беше подготвена да побегне од капелата, кога Фаусто грубо и ја зеде раката и ја довлечка до својот син. Анибал и Алис се погледнаа пред да клекнат пред олтарот и пред биксупот да го прогласи бракот за валиден.
– Во името на Отецот, Синот и Светио Дух. Амин. Се собравме денес на ова свето место, за да ја прогласиме светата врска помеѓу Анибал Кастњон Амарал и Алис Санта Марија Амарал.
Додека бискупот ги изговараше заклетвите на светиот брак, Анибал ја заврте главата кон првиот ред каде што седеше Лукреција. Делуваше убаво како Марија Магдалена, со спуштените трепки и сензуалните усни. Таа жена беше олицетворение на искушението.

По заклетвата пред бога, продолжи веселба на фазендата. Марија Грација имаше краток рок да подготви специјална вчера и голема свадбена торта. Фамилијата наздрави со шампањ за бракот на младите. Анибал посегна по нова чашка, кога неговата мајка го прекори дека пие премногу.
– Морам да пијам, мајко, денес е мој ден.
– Естер, престани да го третираш Анибал како дете, сега е маж, женет човек, – ја прекори Фаусто.
– Премногу е наштиркана целата оваа прослава, – рече Рикардо. – Треба да направиме голема фешта за бракот на мојот брат и неговата избраничка.
– Рикардо е во право, – го подржа Анибал од кого веќе зборуваше алкохолот, наместо здравиот разум. – Треба да направиме голема фешта, зарем не, Лукреција?
– Да, еден ден сигурно ќе направиме голема фешта за да го прославиме твојот брак со мојата ќерка.
– Јас сум изморена и сакам да си легнам,- рече Алис за која целата оваа фарса беше премногу.
– Не, – ја спречи Анибал. – Ти треба да блескаш како среќна невеста. Учи од мајка ти. Погледни ја Лукреција, сјае, блеска од среќа.
– Анибал, Антониета ви подготви соба која од денес ќе можете да ја користите со Алисиња, – навести Фаусто. – А сега да наздравиме за младенците, – додаде, подигнувајки ја чашата.
– Извинете но не се чуствувам добро, – рече Алис и истрча од салонот пред да може да ја спречи некој.
– Ќе одам по неа, – рече Лукреција и ја спушти својата чаша, но тогаш се вмеша Фаусто.
– Извини, Лукреција, но од денес мојот син Анибал е загрижен за твојата ќерка.
– Мислам дека Анибал треба да одмори, – рече Естер.
– Не, не, Анибал е во одлична состојба. Анибал, оди по својата сопруга и не заборавај на својата должност.

Само што ја затвори вратата од својата соба, по Алис влезе Анибал, тетеравејки се.
– Остави ме сама, Анибал, – го замоли таа.
– Што ти, Алисиња?,- ја праша, барајки ја нејзината половина. – Сигурно не е толку страшно да бидеш во брак со мене.
– Ова е најлошиот ден во мојот живот, – му одговори таа низ горчливи солзи.
– Ти си моја сопруга и должна си да се однесуваш како таква.
– Анибал, разбери, овој брак е само фарса.
Но, алкохолот во крвта на Анибал не мислеше така. Беше доволно силен за да ја легне на креветот и да и ја раскопча кошулата, против нејзина волја. Нејзините молби и солзи не и помогнаа да ја направи своја против нејзина воља.

***

 

 

 

Јовица Крстевски | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …