Почетна / Забава / Во тек е „Неделата на традицијата“ во Д. Капија

Во тек е „Неделата на традицијата“ во Д. Капија

 

Натпревари во кроење лоза, избор за најдобро домашно вино и ракија, подготовка на специјалитети карактеристични за Тиквешијата, се активностите кои општината „Демир Капија“ и Центарот за едукација и вмрежување во туризмот ги организираат во рамките на „Неделата на традицијата“. Дваесет учесници учествуваат со 29 мостри вино и 15 мостри ракија, 25 натпреварувачи ќе понудат специјалитети за избор на најдобриот, додека 9-мина лозари ќе се натпреваруваат во кроење лоза.

 

 

– Наидовме на голем интерес за учество на натпреварите оваа година не само од Демир Капија туку и пошироко. Тоа беше и нашата цел, в година јубилејното петто издание на оваа манифестација веќе да добие регионален карактер, а празнувањето на Св. Трифун да прерасне во туристичка атракција каква заслужуваат производителите на лоза, вино и ракија и жителите на овие простори –  изјави Виолета Јанкова, директорка на туристичкиот едукативен тренинг-центар.

Покрај учество и следење на натпреварите, производителите од Демир Капија ќе имат можност да бидат дел од предавањето за можностите за органското производство и сертифицирање на таквите производи како начин за, освен сите други познати придобивки од него, поголеми приходи за производителите.

 

 

– Се надеваме дека со сите мерки што ги преземаме за зачувувањето на традицијата, збогатување и подобрување на туристчката понуда и едукацијата на производителите во согласност со модерните токови, ќе придонесеме за развој на регионот и на миграцијата на населението од овој крај.  – изјави Трајче Димитриев, градоначалник на општина Демир Капија

Во петок, на празникот на лозарите „Св. Трифун“, на плоштадот во Демир Капија ќе се одржи целодневна културно-уметничка манифестација со презентација на фолклорни игри и танци, настап на Блага Петревска и групата „Нели ти реков“, а во близина на плоштадот, посетителите ќе можат да дегустираат традиционални пијалаци и храна или да си купат рачни изработки и сувенири.

 

 

Дел од активностите е и традиционалната „Хуманитарна аукција на архивски вина“

– Изминатите години во рамките на Аукцијата успевавме да собереме седства за подобрување на условите за штитениците на Специјалниот завод „Демир Капија“, годинава средствата што ќе се соберат ќе бидат наменети за најмладите, односно за обезбедување нови и современи дидактички средства за детската градинка „Борис Трајковски“ во Демир Капија. – додаде Јанкова.

 

 

Со цел да се обезбеди поголема посетеност од страна на туристите од Скопје, организаторите постигнаа договор манифестацијата да биде понудена и од туристичките оператори „Савана“ и „Македонија Травел“, а заинтересирани граѓани можат да ја искористат и редовната железничка линија Скопје-Демир Капија и да бидат дел од празнувањето.

„Неделата на традицијата“ се оддржува по четврти пат, а за првото издание во 2011 година организаторите ја добија наградата од Министерството за економија за најдобро организирана стопанско-туристичка манифестација.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …