Почетна / МК Сцена / Влатко Лозаноски со андроид апликација

Влатко Лозаноски со андроид апликација

 

Светскиот тренд на музичките ѕвезди кај нас го следи Влатко Лозаноски – Лозано кој е единствената естрадна личност од Македонија со своја андроид апликација, достапна за сите корисници на андроид телефон. На апликацијата Лозано Мјузик се наоѓаат сите негови песни, видео записи, фотографии, информации за настапите и други активности поврзани со неговата кариера, како и рингтонови кои можете да ги симнете од апликацијата.

 

 

„По теркот на најголемите музички ѕвезди во светот, се одлучив да направам моја андроид апликација со цел да бидам поблиску до моите слушатели и обожаватели. Секој кој ќе ја симне апликацијата која е бесплатна, може во било кое време и на било кое место да ги слуша моите песни на својот телефон, да погледне видео или да се информира за моите следни настапи“, изјавува Лозано.

Лозано Мјузик се наоѓа помеѓу најпознатите и најсимнуваните андроид апликации на Мајкл Џексон, Џенифер Лопез, Бијонсе, ПСИ итн. На апликацијата можете да се информирате и за утрешниот настап на Лозано на радискиот фестивал Марс, на кој тој ќе настапи шести по ред со својот најголем хит од оваа година „Нема ден нема ноќ“, а за кој можете да гласате со испраќање смс со содржина 06 на бројот 141- 345 од било кој мобилен оператор.

 

Линк до апликацијата

 

Минатата недела Лозано заедно со Анета од групата Молика беа дел од босанскиот спектакл „БХ оскар на популарноста“ кој што се одржа во преполната сала Мејдан во Тузла пред повеќе од 10.000 посетители. Двајцата артисти се вратија наградени од манифестацијата со Оскар на популарноста кој Лозано го доби за прв пат, а Анета по четврти пат. Освен нашите единствени претставници наградата ја добија уште 30 еминентни музичари од целиот Балкан кои постигнале многу во својата богата музичка кариера.

Покрај Анета и Лозано, оваа награда ја имат добиено и нашиот Тоше Проески и Калиопи.

 

 

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!