Почетна / МК Сцена / Виктор е нашиот прв Дурекс амбасадор

Виктор е нашиот прв Дурекс амбасадор

 

Дурекс за прв пат во Република Македонија има свој Дурекс Амбасадор, младиот пејач Виктор Апостоловски, кој има улога да ја поддржи кампањата за превенција кај младите за заштита од ХИВ/СИДА и сексуално преносливи инфекции. Кампањата за оваа година е предвидено да се одвива на низ неколку градови, а со неа ќе се опфатат едукативни сесии, летна кампања на охридските плажи, испитување на јавното мислење – студентите, креирање на апликација за паметни телефони, како и едукација преку социјалните мрежи.

 

 

– „Од заклучоците од анкетата направена кај средношколците во Скопје изминатата година воочивме дека се со мала свесност, безгрижност и неинформираност за користењето на кондоми, сексуалната зрелост и одговорност. Токму сексуалната зрелост е клучна за основање на семејство и младите треба кон тоа да се насочат. Затоа наша задача е да ги поттикнеме да користат заштита – кондоми како превенција. Не случајно е избран Виктор Апостоловски за Дурекс Амбасадор чија мисија ќе биде да едуцира преку забава“ – изјави Елена Гагиќ од Меркур Трејд генерален дистрибутер на брендот Дурекс за Македонија.

Македонскиот идол Виктор ќе биде поддршка на активностите во кампањата, како млада личност која ќе ја поттикнува свесноста кај младите за потребата од заштита при сексуален однос и планирање на нивното семејство.

 

 

– „Задоволство ми е да бидам првиот Дурекс Амбасадор за Македонија, тоа значи дека 2014 година ќе ми биде исполнета со низа активности кои ќе бидат предизвик за мене. На прво место ќе ни биде едукацијата, па потоа забава и дружење со моите фанови и врсници, да размислуваат зрело и разумно да ги носат одлуките во животот. Моите ангажмани беа започнати изминатата недела со што ја снимивме првата Дурекс фото сесија за која се снимаше и видео making of, додека за Св. Валентин подготвуваме вистинско изненадување“ – вели поп – пејачот Виктор Апостоловски. Изминатата година кампањата на Дурекс во Македонија ја поддржа Викторија Лоба, која зема активно учество на едукативните настани.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара Волческа ја оживеа нејзината прва песна „Do you remember“

На 10.03.2024 година, во 12:00 часот, Тамара Волческа ја промовираше својата нова песна на македонски …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!