Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Почувствувај го срцебиењето со Летонија на Евросонг

Видео | Почувствувај го срцебиењето со Летонија на Евросонг

 

Младиот Летонец по пример на ланскиот победник од Шведска

 

Летонија својот прв настап на Евровизија го имаше во 2000 година, а веќе две години подоцна победува во Талин со I Wanna на Marie N. Oд 2009 па до 2014 оваа земја остануваше во полуфинале.

 

 

Минатата година со нивниот нов избор насловен Supernova конечно успееја да се пласираат во финале со мистичната нумерa Love Injected на Aminata со која што завршија на одличното шесто место. Поради успехот од минатата година, своето учество го потврдија уште на 27 мај минатата година, веднаш по завршетокот на Евровизија 2015. Второто издание на Supernova започнува да се емитува на 7 февруари а резултираше со финале на 28 февруари.

 

 

Летонската телевизија изјави дека целта на овој натпревар е да ја најдат песната која има потенцијал на интернационален хит и изведувач кој ќе биде харизматичен, талентиран и способен да ја изведе одбраната песна. Очигледно ја одбраа вистинската нумера која воедно е напишана и компонирана од минатогодишната претставничка Aminata, и може да се приметат нејзините белези во нумерата.

Justs Sirmais е има само 21 година и е ново лице на летонската музичка сцена. Пее рок, поп, соул и електронска музика а неговиот првен јавен настап беше на годинешната Supernova 2016 каде што над 20 000 гласови од публиката и онлајн гласањето.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Тамара успеа да се пласира во финале, Македонија горда!

Вечерва, македонската претставничка Тамара Тодевска нè направи горди со својот настап на најголемиот европски избор …