Почетна / МК Сцена / Видео | Магдалена Ена со нова летна песна „Плачат и најсилни“

Видео | Магдалена Ена со нова летна песна „Плачат и најсилни“

 

Ена ја продолжува соло кариерата со нова песна

 

 

Македонската аре-ен-би пејачка Магдалена Цветковска – Ена промовираше нова песна со видео спот. Текстот за “Плачат и најсилни” е нејзин, додека пак музиката ја направи заедно со брат и, хит мејкерот Лазар Цветковски. Аранжманот и продукцијата се исто така на Лазар, а обработката на песната ја правеше Metropolis Mastering Studio / London.

Видео записот е дело на Горила филмс, во режија на Горан Костадинов.

 

 

Спотот е снимен на неколку локации во Прилеп и Скопје, меѓу кои и во мариовскиот регион, во една стара напуштена фабрика и околу манастирот Трескавец. Во наредниот период, Ена продолжува со снимање на новите песни за новиот албум.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!