Почетна / МК Сцена / Видео | Кој е нејзиниот порок, ни открива Тамара во новата песна со спот

Видео | Кој е нејзиниот порок, ни открива Тамара во новата песна со спот

Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска со нова интересна соработка со Урбан Рекордс. Тамара на Јутуб каналот на Урбан Рекордс ја промовираше новата песна и видео записот за “Порок”. До соработка дојде по одлуката на Тамара спотот да го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс.

Песната е во нејзин поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски.

Спотот го изработија Били Д и Гордан Божиновски. Како модел се појавува девојката Имам Тотиќ. Се снимаше во студио во Скопје. За стајлингот на Тамара се погрижи Игор Марков.

Оваа е едно мало освежување во веќе изградениот музички стил на Тамара, која секогаш ги следела музичките и модни трендови.

Во продолжение новиот видео запис за “Порок “:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Лила се врати на музиката и сними дует со младиот Филип

„Тешко мене без тебе“ е дует песната кои ја снимија водителката Лила Филиповска и младиот …

error: Содржината е заштитена!