Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Македонската традиција, песна и кујна во новото шоу „Везилка“ на Алфа

Македонската традиција, песна и кујна во новото шоу „Везилка“ на Алфа

Нова семејна неделна емисија на националната телевизија Алфа.

„Везилка“ е новиот проект на Алфа телевизија кој ќе го врати духот на традицијата и обичаите и ќе приреди уживање за сите сетила.

Нашиот фолклор, најубавите песни и највкусните јадења на едно место.

  • Ќе ги посетиме сите краишта на Македонија и ќе ви го претставиме културното богатство на нашиот народ.

  • Нашите гости и содржините кои ќе бидат дел од оваа нова емисија, преку екраните ќе успеат да ви ја донесат Македонија дома.

  • Очекувајте викендите да ви бидат исполнети со многу музика, пријатни разговори и убави мигови поминати со Алфа телевизија – изјавуваат од телевизијата.

Покрај добро познатите ТВ лица Адријана Алачки и Ирена Спировска, во тимот на Алфа се придружува и Благоја Грујовски, кој во секоја емисија ќе муабети со своите гости, запознавајќи ги гледачите со богатата културна, музичка и фолклор ризница со кои располагаат македонските градови и села.

Спој на традиционална македонска песна со македонска кујна и обичаи секоја недела во 12 часот премиерно на Алфа. Репризата е следната сабота во 15 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наместо премиерна серија, Алфа ја репризира „ДНК“ во недела

Минатата недела заврши со емитување босанската крими серија “Котлина” на Алфа телевизија која се емитуваше …

error: Содржината е заштитена!