Почетна / МК Сцена / Вечерва, фестивалот на пивото продолжува со полна пареа

Вечерва, фестивалот на пивото продолжува со полна пареа

 

Поројните дождови и поплавите стивнаа – Каролина и Хари подготвени

 

 

Силно невреме кое го зафати Прилеп, проследено со пороен дожд, ветар и грмежи, се смири. Полавените површини од градскиот плоштад и улиците веќе се санирани. Екипите на ЈКП „Комуналец“ и ЈКП „Водовод и канализација“ вредно работат на отстранување на водата и чистење на теренот.

 

 

Ако минатата вечер Прилеп ги надмина своите сместувачи капацитети и се бараше место повеќе, вечерва, а и во текот на наредните два фестивалски дена Прилеп ќе биде преполн од млади луѓе и граѓани кои сакаат и знаат да препознаат каде се случува и одржува најголемата македонска пиво забава.

 

 

Денес на вториот официјалален прес на кој што освен водителите Жаре и Маријана присуствуваше и нашата Каролина Гочева која вечерва настапува и која што беше видно пречекана и Градоначалникот на град Прилеп Г-нот Марјан Ристески.

 

 

Вечерва повторно забава до раните утрински часови и тоа на сцената вечерва ќе се појават: Самостални референти, Каролина Гочева, Хари Мата Хари и Bang La Decks. Не заборавајте, еден е фестивалот, Пивофест се случува во Прилеп.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!