Почетна / Забава / Вечерва – концерт на Биг Бендот на ФМУ

Вечерва – концерт на Биг Бендот на ФМУ

 

Вечерва,17-ти декември, во салонот на Македонската Опера и Балет студентите од новата студиска програма за популарни жанрови и членови на Биг Бендот на ФМУ со асамбли и солисти од класите на Кире Костов, Александра Поповска (Даутовски квартет), Иван Иванов, Кирил Туфекчиевски,Мартин Вучиќ и Дамјан Пејчиновски – Пејчин (Шајн) ќе одржат свој концерт на кој ќе бидат изведени светски познати поп, рок и џез композиции.

 

 

Програмата е новогодишна и ќе опфати популарни џез-композиции, популарна музика од светски музичари, аранжирани од домашни автори, а на сцената на МОБ публиката ќе може да ги слушне изведбите на афирмираните професори кои ќе настапат заедно со своите студенти – изјави диригентот на Биг Бендот, маестро Кире Костов, на прес- конференцијата одржана по повод утрешниот концерт.

Виктор Апостоловски и Нико Ѓорѓиевски кои јавноста ги познава како едни од финалистите од музичкото шоу „Македонски Идол“ ќе бидат дел изведувачите кои ќе настапат на овој концерт. Популарните Still Loving You од Scorpions, Be Yourself од Audioslave и Chris Cornell, What A Wonderful World од Bob Thiele и George David Weiss, прекрасната One More Once од Michel Camilo, се само дел од репертоарот кој Биг Бендот ќе го изведе утревечер. Концертот ќе започне во 20 часот, а влезот е слободен.

 

Крис Манев | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Данскиот EDM DJ Martin Jensen на Ohrid Calling 2019 !

Со повеќе од 100 Милиони прегледи на Youtube и неговата специјалност да продуцира само хитови, …