Пратеничката од Струмица, Силвана Бонева, понесена од атмосферата во текот на манифестацијата „Празијада“ во селото Градашорци, постојано фотографираше со мобилниот телефон и фотографиите веднаш ги прикачуваше на Фејсбук, пишува Струмицанет. Бонева направи неколку фотографии од културно-забавната програма, а најмногу од специјалитетите на Градашорските домаќинки. Судејќи според нејзиниот изглед, пратеничката ги гледаше специјалитетите со одушевување.

Крис Манев | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
