Почетна / Сапуници / „Балканска приказна“ вечерва на Сител, серија снимена во Македонија
Веднаш по централниот Дневник на Сител - серија за традициите и убавините на Скопје

„Балканска приказна“ вечерва на Сител, серија снимена во Македонија

Таму рано сонце изгрева, таму сонце касно заоѓа. Кај што сѐ на среќа мириса, мириса на Македонија. Таму Шара небо искина, таму Вардар земја милува.

Денот таму со песна почнува, таму збор е вреден како грош, таму нема човек лош. Таму љубов сказна пишува, со полни гради сѐ се дишува. Со солзи мајка чеда очекува, таму песна болка лекува. И што да се каже, малку е. Срце в гради секому ќе распукне штом Тоше Зајди Зајди запее.

И токму таму, среде Скопје каде што Вардар врви од извора дур до Солуна, токму таму во срцето на Македонија се раѓа балканска приказна која ќе ги спои сите генерации, ќе ги прикаже сите убавини и ќе извезе една прекрасна, балканска песна.

Токму таму, Камениот мост ќе спои две срца и две традиции, а на плоштадот Македонија ќе се роди љубов меѓу двајца млади, кои гордо наглас ќе запеат Бисер балкански.

Нова серија на Сител телевизија, снимена во Македонија. Балканска приказна, од понеделник до петок во 19.45 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Турската сапуница „Грешници” обновена и за следна сезона

Маратонската турска сапуница “Грешници” доби зелено светло за нова трета сезона. Хира и Орхун продолжуваат …

error: Содржината е заштитена!