Почетна / Филм / Викенд на Телма со филмови од филмскиот фестивал во Берлин

Викенд на Телма со филмови од филмскиот фестивал во Берлин

Во пресрет на Берлинале 2024-та … Празник за вистинските љубители на филмската уметност.
Викенд на Телма со победници и номинирани филмови и актери на филмскиот фестивал во Берлин. Почувствувајте ја фестивалската магија со изборот на филмови на Телма за овој викенд.

петок (16 февруари 2024), 22.15 часот – Транзит, германски филм номиниран за Златна мечка во категоријата Најдобар филм на фестивалот во Берлин во 2018.

сабота (17 февруари 2024), 19.15 часот – Алкарас, шпанско италијанска драма, добитник на Златна мечка за најдобар филм на фестивалот во Берлин во 2022.

сабота (17 февруари 2024), 22.15 часот – Ундине, германско француска романса, во кој Паула Бер доби Сребрена мечка за најдобра женска улога, а филмот беше номиниран за надобар филм на фестивалот во Берлин во 2020 година.

недела (18 февруари 2024), 22.15 часот – Љубов на социјалните мрежи, француско белгиска драма за Клер, 50-годишна разведена учителка, која креира лажен Фејсбук профил на 24-годишна жена.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!