Арго

 

12-ти октомври

Арго
Режија: Бен Афлек (Gone Baby Gone, The Town)
Сценарио: Крис Терио
Улоги: Бен Афлек, Брајан Кренстон, Алан Аркин, Џон Гудмен, Кајл Чендлер, Тејт Донован, Виктор Гарбор
Жанр: трилер, политика

 

 

Под режисерска палка на оскаровецот Бен Афлек, и Џорџ Клуни како продуцент, и одличната актерска екипа, на големото платно ни ја носат вистинската приказна за агентот на ЦИА кој предводи операција за спасување на 6 американски граѓани од Иран. Филмот раскажува за напнатата борба за живот, фасцинантна приказна која со децении и беше непозната на јавноста. Во 1979. година, револуцијата во Иран го достигнува врвот со нападот на американската амбасада. 52 Американци стануваат заложници и немилосрдни водачи на побудни. Шесторица од нив се во потполн хаос и паника, но успеваат да се снајдат и наоѓаат засолниште кај канадски бизнисмен. Стручњакот од ЦИА за „извлекување“, Тони Мендез (Афлек) смислува ризичен план како да ги спаси. Опции нема многу, но планот е апсолутно неверојатен.

 

 

 

Боби Китанов | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

1 ТВ со семејната драма „Свршеница за 1 недела“ за крај на викендот

Нивната прва средба започна со конфликт, а заврши со договор кој им одговараше на двајцата. …