Почетна / Живот / Анџелина Џоли ги отстрани градите поради страв од рак

Анџелина Џоли ги отстрани градите поради страв од рак

 

Холивудската актерка Анџелина Џоли направила двојна мастектомија, за да го намали ризикот од рак на дојка. 37 годишната Џоли, мајка на шест деца, објасни дека се одлучила на овој зафат, бидејќи докторите и рекле дека има 87 отсто ризик да добие рак на дојка и 50 отсто да заболи од рак на јајници.

– Одлучив да бидам проактивна и да го намалам ризикот колку можам, напиша Џоли во списанието „My Medical Choice“.

Процесот започнал во февруари, а завршил крајот на април. Актерката додава како нејзината мајка се борела со оваа болест речиси една деценија и на крајот починала на свои 56 години.

 

 

Џоли изрази загриженост дека лошиот ген BRCA1, кој го зголемува ризикот за добивање рак на дојка или јајник, таа го носи, а го пренела и на своите деца.

– Во моментот кога сфатив дека тоа е мојата реалност, одлучив да одам на операција и да направам двојна мастектомија. Се чувствувам посилна бидејќи донесов одлука која не ја намалува мојата женственост. Се надевам дека ова ќе и помогне на секоја жена, да сфати дека имаме избор. Сакам да ја охрабрам секоја жена, особено оние кои имаат семејна историја со рак на дојка или јајници, да трагаат по информации од медицински експерти кои ќе ви помогнат, изјави актерката.

Ризикот да заболи од рак, сега од 87 отсто го намалила на 5 отсто. Во целиот процес имала голема поддршка од сопругот Бред Пит.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Забавниот парк „Мега“ останува во Скопје до 1 јули

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ е главна атракција за децата, но и за возрасните. Отворен од …