Почетна / Серии / МРТ 5 ја емитува репризно култната детска серија „Големи и мали“

МРТ 5 ја емитува репризно култната детска серија „Големи и мали“

Мартин Трпчевски, Жарко Димитриоски, Тамара Веселинска, Бисера Кајева, Бојан Велевски, Димитар Чулаковски, Никола Пендовски, Катина Иванова, Стојна Костовска, Снежана Конеска, Борис Чоревски, Димче Мешковски, Томе Витанов се актерските имиња во култната серија “Големи и мали”, снимена од Македонската телевизија во 2000-та година.

За ретро посетување, серијата се емитува и на МРТ 5 секој ден во 19 часот и 10.20 часот наутро.

Серијата е базирана на истоимениот роман на Бошко Смаќоски, а зборува за студентот Стево, кој уште на почетокот, решава да побара соба под наем кај тетка Донка, средовечна драга жена, чиј сопруг Пандо е во затвор, а таа живее само со својот син Раде.

Самиот тој е сведок на сè што се случува, па затоа и решава да напише сопствена книга, во која ќе го опише животот и случките на сите станари од двете згради. Најголема непријателка на тетка Донка е секако Важната, која што е мајка на Буба, која што пак е потајно вљубена во Раде.

Важната ѝ забранува на својата ќерка да си игра со „секакви“ деца поради позицијата на референт за просвета и култура, што ја има нејзиниот маж, чичко Милан, кој пак е смртен непријател на топките и во секоја можност ги уништува.

Но, во зградите живеат и многу други интересни ликови, како Јордан Касапот, осамената бивша директорка и многу другари и другарки на Раде и Буба, освен Диме Такси, кој живее во една мала куќичка на почетокот од улицата Караорманска.

Преку оваа серија, треба да научиме и сфатиме дека луѓето неправилно ги делиме на големи и мали, бидејќи дел од возрасните по своите постапки, воопшто не се големи, додека во малите т.е. во децата навистина се кријат големи луѓе со огромно срце.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кошарката живее преку српската серија „Светски прваци” на Алфа

Српска серија која раскажува за историјата на кошарката во поранешна Југославија, прикажувајќи ја преку повеќе …

error: Содржината е заштитена!