SIDEBAR TOP BANER 1
Почетна / Забава / Авалон продукција за прв пат се соочи со аматеризам и некоректност

Авалон продукција за прв пат се соочи со аматеризам и некоректност

Jax Jones го откажа настапот во Македонија

 

Авалон продукција доста револтирано реагираше на откажувањето на настапот на познатиот диџеј Џекс Џонс на Ohrid Calling 2018. Што всушност се случило, прочитајте во обраќањето на продукцијата до македонската јавност и нормално каков чекор превземе за овој невиден аматеризам од познатиот диџеј. Во продолжение обраќањето на Авалон кон вечерашните гости и целата македонска јавност :

” Драги пријатели,
Ве информираме дека во 25 годишната кариера на Авалон Продукција за прв пат се соочуваме со ваква некоректност и аматеризам.

Само 24 часа пред неговиот настап во Охрид, агентот на JAX JONES не’ извести декa добил насоки од менаџментот на Jax Jones дека нема да дојде во Охрид, иако имавме валиден потпишан договор кој е во целост финансиски исполнет кон него! Причината за тоа е неверојатна и досега непозната во нашата долгогодишна работа. Според нив, Македонија е секундарен маркет и тие си го задржуваат правото да го откажат настапот затоа што добиле одредена понуда за маркет кој за нив е примарен.

На сите наши апели дека вакво нешто е непоимливо во музичката индустрија, добивме само извинување од агентот дека тој не може ништо да направи за да ја смени одлуката на менаџментот на Јаx Jones. Бидете слободни и прашањата за недоаѓањето на Jax Jones поставете ги нему и неговиот менаџмент. Впрочем, на веб стајтот на Jax Jones се’ уште стои дека ќе настапи пред македонската публика.

Како што ние дознавме, причината за недоаѓањето е понудата да настапи на радиско шоу во Ибица, во истото време кога требаше да има со договор потпишан настап во Охрид.

Авалон Продукција не би била Авалон Продукција, кога експресно не би реагирала со голема доза на пркос со цел да обезбеди замена која е дури и на повисоко ниво од Jax Jones – Salvatore Ganacci!

Иако се работи за многу поскап ди-џеј, цените за вечерва остануваат исти.

Сите што блок картите ги зaменија со нараквици се разбира дека истите ќе им важат за вечерва, како и за саботниот настап на Armin Van Buuren. ” – се вели во огласувањето на Авалон кон својата верна публика.

 

Дани | ТВ Пакет

Можеби ќе ве интересира

Концертот на Оливер Драгојевиќ од „Пиво фест“ денеска на Наша

Хрватскиот музичар со попладневен концерт на Наша ТВ   2015-та година прилепскиот Пиво фест го …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *