Почетна / Сапуници / Ѕвездата од „Беден живот“ и „Без мајка“ фатена во кревет со свекорот?

Ѕвездата од „Беден живот“ и „Без мајка“ фатена во кревет со свекорот?

Турската актерка Гокче Бахадир (40) лани се пожали на турската јавност дека немала среќа во љубовта, откако се развела од нејзиниот поранешен сопруг, актерот Али Сунал (44), но веќе пред неколку месеци, таа запозна нова љубов со кого и стапи во брак. Но, да се вратиме на почетокот, на тоа што се случило со нејзиниот прв сопруг.

Парот се венчаше во 2011 година, а бракот траеше само една година, откако медиумите излегоа со афера дека тој ја фатил гола со татко му во кревет.

Но, како е можно тоа кога таткото на Али е починат во 2000-та година, а парот е заедно од 2011-та година?

Јавноста “падна” на оваа медиумска афера, но за среќа за брзо беше разоткриена целата шпекулација која некој новинар се обидел да ја протне како морбидна лага. Вистинските причини за разводот сепак не се открија, а Ѓокче и Али продолжија со своите животи понатаму.

Во секој случај, денес ѕвездата на “Кога лисјата паѓаат” е среќна во вториот брак и тоа со турскиот пејач Емир Ерсој со кого се венчаше во февруари годинава.

Инаку убавата Ѓокче е најпозната за македонската публика по улогата на Лејла од мега хитот “Кога лисјата паѓаат”, а во моментов гледачите ја следат како проститутката Ајсел во “Беден живот” (Канал 5), професорката Бахар во “Без мајка” (Канал 5) и докторката Оја во “Мали тајни” (Дизи).

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжуваат „Трите сестри“ – вашата омилена серија само на Сител

На ваше задоволство, продолжува омилената серија за трите сестри. Срдечна и топла приказна за Туркан, …

error: Содржината е заштитена!