Почетна / Серии / „Семејно богатство“ повторно на Алфа – 22 часот стана термин за репризи

„Семејно богатство“ повторно на Алфа – 22 часот стана термин за репризи

 
“Породично благо” – репризно на Алфа, во 22 часот
 
 
Семејната комична драма “Породично благо”, своевремено емитувана на А1 телевизија и лани емитувана на Алфа, од понеделник (22 август), започнува со уште една реприза. Како што се емитуваше премиерата, така сега и репризата на Алфа ќе оди во 22 часот. Снимена е од 1998 до 2002 година во 62 епизоди, а во главните улоги настапуваат Михајло Јанкетиќ, Небојша Глоговац, Жика Миленковиќ, Светлана Бојковиќ, Мина Лазаревиќ, Вукашин Марковиќ, Војин Четковиќ, Данило Лазовиќ и други.
Во продолжение ве потсетуваме на содржината :
 
 
Главните јунаци во оваа серија се членовите на белградското семејство Гавриловиќ. Дедото, таткото, сопругата и нивните три деца. Дедото Трајко Гавриловиќ кога бил млад закопал еден ќуп сп злато во нивниот двор. Неговиот син Гаврило сакајки да реши еден семеен проблем ќе земе пари од претпријатието каде што работи. Се надевал дека парите ќе успее да ги врати пред да забележат…
 
На Гаврило не му успева да се раздолжи и тој решава да го продаде имотот на што го наследил од татко му. Дедо Трајко упорно го убедува да не го продаде и му кажува дека таму има закопано богатство. Гаврило не го слуша својот татко. Мисли дека тој е сенилен и дека не знае што зборува. 
 
Имотот е продаден, но долгот не е вратен. Малерот што го придружува Гаврило во овој период го следи и сега. Тој, наместо да ги врати парите, заглавува уште повеќе и дозволува парите од имотот да му ги земе секретарката на неговиот директор.
 
Новиот сопственик на плацот со закопаното богатство дознава дека во неговиот двор се крие азно. Но, открива и дека сега ќупот е во дворот на соседот кој некогаш порано ја поместил оградата од неговиот двор во дворот на дедо Трајко.
 
 
 
 За да си го врати делот од дворот што му припаќа Тихомир од Власотинце, новиот сопственик на имотот, прави план: Тој го наговара својот братучет да се ожени со ќерката на соседот Пандуровиќ. Тихомир успева во својата намера, го пронаоѓа златото и ќе го однесе во банка. Заради некои случајни околности Тихомир и неговиот вујко Житомир завршуваат во затвор, а внукот Ѓоша почнува да го троши златото.
 
Дедо Трајко ја дознава целата ујдурма од својот поранешен сосед и добар пријател Пандуровиќ и ќе се обиде да си поврати златото. Но, тоа е сега преполовено заради алчноста на Ѓоша… Но, дедо Трајко сепак успева да си врати барем дел од своето богатство, кое им го подарува на своите внуци.
 
 
 
 
Дани | ТВ Пакет
 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со „Фирмата“, правничка трилер драма

„Фирмата“ е американска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Серијатa ја продолжува приказната …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!