Почетна / Сапуници / Ѕвездата на „Аси” и „Пари и љубов“ стилски усогласена со ќерките

Ѕвездата на „Аси” и „Пари и љубов“ стилски усогласена со ќерките

Деновиве новинарите кои постојано ја следат мега-ѕвездата Туба Бујукустун ја „уловија” како ги води ќерките на училиште. И како што ѝ доликува на вистинска ѕвезда, Туба повторно успеа да ги воодушеви фановите со својот и стајлингот на близначките Топрак и Маја. На фотографиите, Туба и нејзините ќерки се дотерани во исти жолти пролетни јакни, нешто што предизвика лавина љубов од страна на јавноста.

Деветгодишните Топрак и Маја Туба ги доби во бракот со нејзиниот колега, актерот Онур Сајлак. За жал, нивниот брак заврши кон средината на 2017-та година.

Нашата публика ја знае Туба од многу серии како „Аси“, „Ќерката на амбасадорот“, “Девојката со марама” и „20 Минути“, но ја обожава како Елиф во „Пари и љубов“.

Повикувајќи се на мотото „Секому можеш да веруваш до неговата прва лага“, „Пари и љубов“ (Валкани пари и љубов) е фасцинантна, модерна и комплицирана љубовна приказна која вешто се испреплетува низ животите на сите ликови.
Покрај нејзината одлична глума во серијата, Туба и нејзиниот колега Енгин Акјурек добија извонредна поддршка од нивните обожаватели ширум светот. Критичарите, како и објавите на социјалните мрежи кои што ги спојуваа Туба и Енгин заедно се само одличен доказ за прекрасната хемија меѓу нив, па оттаму Елиф и Омер до ден денес остануваат едни од омилените ТВ-парови.

„Валкани пари и љубов“ ја следи приказната за Елиф и Омер, двајца странци кои претрпуваат слични загуби и на крајот ја делат истата судбина. Снимањето се одвивало во провинцијата Ван, лоцирана во најисточната точка на Турција, Истанбул и Рим.

Бујукустун ја глуми Елиф- дизајнерка која е ќерка од богато семејство и живее во Рим. Акјурек во улогата на Омер, глуми млад полицаец од провинцијата Ван. Но, овие два многу различни животи се вкрстуваат кога Омер ќе ја изгуби својата љубена свршеница во двојно убиство, додека истата вечер, Елиф исто така доживува болка поради загуба и смрт на својот татко, при што дознава дека нејзиниот сакан татко всушност бил шеф на мафијата за перење пари.

По напната средба со Омер, тие одат по своите засебни патишта. Омер е решен да го пронајде убиецот на својата свршеница и да ја исчисти дамката од нејзиното име. Елиф со секој потег ќе открива поголеми злодела на татка си. Како што приказната се испреплетува, некои ќе бидат заслепени од пари, некои ќе станат робови на љубовта, а други робови на сопствените амбиции, додека други ќе бидат уништени од сопствените тајни.

Оваа извонредна серија може да ја гледате на каналот Дизи од 17 мај, секој ден во 20:10 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!