Почетна / МК Сцена / Живот брз како „Gran turismo“, пее Таско во новата песна со спот

Живот брз како „Gran turismo“, пее Таско во новата песна со спот

“Животов брз е возиме као на писта,
Спремни за напад, играме игра,
А нема милост је, во овој живот брз GRAN TURISMO E”!…

..пее музичарот кој изврши големо влијание и внесе свежина на македонската музичка сцена, миленикот и идол на младата генерација Хистијан Тасковски – Таско.

Текстот и музиката ги напиша самиот Таско, додека аранжманот, миксот и мастерингот се на веќе докажаниот композитор Иван Јованов – Ивајо. Песната е во афротрап стил, доста популарен на светската сцена.

Спотот е сниман на Скај Сити, во автоперална и низ булеварите во населбата Аеродром. Во него земаа учество дечките од “Extreme Power City” со нивните спортски автомобили. Видеото кое е комплетно дело на режисерот Гордан Божиновски – Godeye Production, мора да признаеме дека изгледа светски. Доказ за тоа е фактот што големите балкански звезди како Стефан Раста, Јала Брат, Корона и тн..веќе го споделија видео спотот по социјалните медиуми.


Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Ќе те сакам“, нова песна со спот на „Либеро бенд“

Интересен  проект, составен од неколку поврзани песни и видеа, летово најавија момците од „Либеро бенд“. …