Почетна / Серии / Жерар Депардје доаѓа на Телма во француската драма „Марсеј“

Жерар Депардје доаѓа на Телма во француската драма „Марсеј“

“Марсеј” е француска драмска телевизиска серија во две сезони по 8 епизоди, создадена од Ден Франк со Жерар Депардје во главната улога. На Телма телевизија ќе ја гледаме од понеделник до петок во 20.25 часот, започнувајќи од четврток, 27 април.

По 20 години како градоначалник на Марсеј, Роберт Таро (Депардје) влегува во војна за градоначалничкото место со неговиот поранешен штитеник, а сега ривал, Лукас Барес (Беноит Магимел).

И двајцата се членови на партијата „УПМ“, заснована на централно-десничарската УМП (Сојуз за народно движење). Предавството ја разгорува горчливата војна помеѓу мајсторот политичар и неговиот гладен млад штитеник во оваа приказна за корупција, заведување и одмазда.

Битката за срцето на Марсеј се вжештува кога десничарските националисти добиваат моќ и мрачна завера е насочена кон саканиот фудбалски тим на градот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Српска серија на МРТ 1 – секој работен ден „Жигосани во рекетот“

Серија за судбината на двајца кошаркари кои по одличната спортска кариера почнуваат нов живот и …

error: Содржината е заштитена!