Почетна / Сапуници / Заврши романсата меѓу ѕвездите на комедијата „Немирно лето“

Заврши романсата меѓу ѕвездите на комедијата „Немирно лето“

Керем Бурсин изненадувачки се раздели од актерката Ханде Ерџел. Парот одеднаш ги избриша заедничките фотографии од своите профили на социјалните медиуми што веднаш предизвика низа коментари и гласини во врска со нивната разделба. Керем Бурсин и Ханде Ерџел се запознаа на снимањето на еден заеднички проект и ја открија својата врска преку фотографии на социјалните медиуми од нивниот заеднички одмор на Малдиви.

Двојката е во врска од 2021 година. Ниту Ханде ниту Керем не дадоа никаков коментар за нивната врска, па најверојатно така и ќе остане за нивниот прекин на врската.

Од извор близок на двојката, во обид да ја спаси нивната врска, Керем побарал поддршка од своите пријатели за да се смири со неговата девојка. Сепак, Ханде Ерџел била одлучна и им кажала на пријателите дека „Се е готово, нема враќање назад“.

Ханде Ерџел не даде никакво објаснување за нивната врска. Првиот потег, всушност, го направи таа. Таа прва ги избриша своите фотографии со Керем Бурсин објавени на нејзиниот Инстаграм профил.

Керем Бурсин е турски актер, модел и продуцент. Ја започнал својата кариера во 2006 година, а сега е еден од најплатените и најбараните актери во Турција. Тој е познат по неговите бурни врски со актерките Јагмур Танрисевсин и Серенај Сарикаја.

На малите екрани, тој го покажува својот неодолив шарм и талент во улогата на Али Смит во серијата „Срцето на градот“ на Дизи каналот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Миран од „Дива“ се враќа во нова урнебесна комедија на Канал 5

“Луда Куќа”, нова семејна комедија на Канал 5 телевизија. Додека ги следите последните епизоди од …

error: Содржината е заштитена!