Почетна / Серии / Забавувајте се преку готвењето со новата јапонска драма на Канал 5

Забавувајте се преку готвењето со новата јапонска драма на Канал 5

Нова продукција на Канал 5 телевизија.

Јапонска возбудлива, забавна кулинарска драма посветена на генијалната Куруми Ичики, 25 годишна жена со извонреден талент за готвење. Во резиденцијата на Премиерот, каде што ќе ѝ биде укажана шанса да ги покаже своите способности, сè уште доминираат мажите.

Штом Куруми Ичики ќе ги преземе работите во свои раце; со нејзините исклучителни кулинарски вештини, ќе предизвика воодушевување кај сите ВИП личности и политичари кои доаѓаат во посета на Премиерот. Но, ќе има и такви на кои нема да им биде драго присуството на девојката во палатата.

Базирана е на јапонската манга “Gu Ra Me!~Sori no Ryoriban” и има осум продолженија кои на Канал 5 ќе се емитуваат секоја недела со почеток пред полноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По толку емисии за бизнис и политика, сега и реално бизнис шоу на Телма

На 10 ноември ТВ Телма ќе започне да го емитува првото балканско реално шоу посветено …

error: Содржината е заштитена!