Во празничните денови, Канал 5 телевизија ви нуди двојно уживање со маратонската сапуница “Аманет”. Од понеделник до петок, серијата ќе се емитува три часа во вечерта со паузи за реклами и кратки вести.

Политичката жестока дебата “Само вистина” ќе паузира до втората половина на јануари, впрочем како и секоја година, а вечерната семејна сага “За семејството” ќе ја гледате во 18.40 часот.

Веднаш по Семејството, следува маратонска празнична вечер со Сехер и Јаман во “Аманет”.

Нежната љубовна приказна се емитува скоро една година на фреквенцијата на Канал 5, а оние кои ја следат приказната, ќе имаат можност да дочекаат нови случувања и заплети секоја вечер од 19.45 часот до 22.50 часот.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
