Почетна / Филм / Нурнете во светот на џунглата со новогодишните цртани на ТВ 24

Нурнете во светот на џунглата со новогодишните цртани на ТВ 24

Во новогодишното утро, разбудете се со ретро цртан филм на телевизија 24. Во 10 часот наутро на 31 декември ќе се емитува “Jungle Emperor Leo”, јапонска продукција од 1997 година.


На почетокот на филмот, Лео дознава дека неговата Лира штотуку родила близначиња: Лунеј и Лукио.

После големата прослава, сцената драстично се менува во раздвижениот град каде што едно лице по име Хем Ег патува од златар до златар за да го продаде специјалниот Месечев камен што го нашол во џунглата Бајалу.

Бидејќи синот на Лео, Лунеј, станува сè поинтересен за човечкиот свет, Лео продолжува да ги штити животните во џунглата од сето зло што им се заканува, вклучувајќи ги и злобните постапки на Хам Ег, несогласувањето меѓу животните и смртоносната болест што ги погодува животните.

Продолжението на филмот следува во петок во 10 часот, на првото јануарско утро. Забавувајте се со светот на џунглата и храбрите пријателчиња кои ја менуваат иднината. Уживајте во светот на Лео на ТВ 24.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмска шема на ТВ Телма – од 02.01.2020 до 8.01.2020

Одлични филмски остварувања на Телма телевизија за празничните денови. Во деновите без политичката дебата во …

error: Содржината е заштитена!