Почетна / Телевизија / „X Factor“ со емитување започнува од 14. октомври

„X Factor“ со емитување започнува од 14. октомври

 

Главниот музички продуцент на „X Factor“ во Србија, Мирко Вукомановиќ изјави дека интересот во регионот и дијаспората за овa музичко шоу е голем и оти на малите екрани почнува да се емитува од 14. октомври.

Во интерју за српскиот Телеграф, Вукомановиќ вели дека еден од најголемите музички проекти на светот, освен во Србија, ќе се емитува и во Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Хрватска ќе се приклучи следната година. X Factor Adraia ќе се снима во студиото на Пинк телевизија во Шимановци, а големото финале ќе биде одржано во Комбанк Арената на 10. февруари следната година.

 

 

Телевизија Сител известува на кој начин да се пријавите и да станете дел од X Factor. Можете да се пријавите на следниве начини: Со испраќање на СМС порака на бројот 141391 со текст Х_ИМЕ И ПРЕЗИМЕ_ВОЗРАСТ И ГРАД_СОЛИСТ/ГРУПА или преку социјалната мрежа Фејсбук на групата X Factor Adria.

Се очекува голем број луѓе коишто ќе учествуваат во ова натпреварување. Според проценките на Мирко повеќе од 10.000 луѓе ќе се пријават за шоуто, додека на последната аудиција во Белград ќе има максимум 300 луѓе.

Исто така, творецот Сајмон Коувел ќе биде гостин во Белград, но сеуште не се знае дали тоа ќе се случи во декември, јануари или на самото финале. Кога сме кај гостувањата во шоуто постојат преговори со Лорин, Лаура Паузини, момците од бендот One Direction, а постојат преговори и со големи ѕвезди како Pink и No Doubt.

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Не одете право, одете криво за името да ни е живо“

Добар ден, добро јуначе. Срце ми плаче шо не можам да се вклучам. Но еве …