Почетна / Забава / Видео | „Бунтовниците“ се враќаат со нова песна и виртуелен концерт

Видео | „Бунтовниците“ се враќаат со нова песна и виртуелен концерт

Фановите на „Бунтовниците“ се воодушевени од изненадувањето што им го приредија нивните миленици.

Beќе поминеа 12 години откако љубителите на RBD не слушнале нова песна од нивниот бенд, кој се прослави преку тин серијата “Rebelde”, емитувана на некогашната К 15 телевизија. Бендот се врати во 2020 година и не само што ќе изведе виртуелен концерт на 26 декември, туку оваа недела ја израдува својата публика со нов сингл.

„Отсекогаш сме биле тука“ (Siempre he estado aquí) е името на песната во која Анаи, Маите Перони, Кристофер Укерман и Кристијан Чавез ги спојуваат своите гласови на задоволство на генерацијата која порасна со РБД. Дел од ова музичко парче нема да бидат Дулсе Марија и Алфонсо Ерера, кои неколку пати изјавија дека поради бременост и работни обврски нема да можат да бидат дел од долгоочекуваниот собир.

Песната е достапна на сите дигитални платформи.

Отсекогаш сме биле тука“ е нашиот одговор на целата љубов што ја чувствуваме кон секој од вас, кој бил дел од оваа голема приказна. Оној што вибрираше и сочувствуваше со нас и нашата музика и стана дел од оваа генерација # РБД, која е страсна, посветена, храбра, вљубена и единствена, сега ќе може повторно да живее заедно со нас, со оваа нова песна“, порача Маите Перони до фановите.

Инаку овие актери се прославија токму со улогите во овој тинејџерски феномен кој секаде достигна огромна популарност, но не и во Македонија.

Во нашата земја, популарноста ја доживеа оригиналот “Млади бунтовници”, а за оние кои не слушнале, потоа се појави и мексикански римејк “Бунтовници”. Во аргентинската верзија, бендот беше Erreway, во мексиканската верзија, тоа е RBD. Аргентинската верзија се емитуваше на А1, а мексиканската на К15 и локалните телевизии.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонска Филхармонија со концерт насловен „Сила“ на 7 март

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот …

error: Содржината е заштитена!