Почетна / Серии / Волшебните авантури на „Поп Пикси“ за топли викенд утра на Сител
Италијанска цртана авантура на Сител, надсинхронизирана на македонски јазик

Волшебните авантури на „Поп Пикси“ за топли викенд утра на Сител

Нова цртана магична серија, направена по примерот на познатите Винкс следува оваа зима во студените викенд утра на Сител телевизија.

Во длабока шума стара сто години, постои гратче во кое магијата и природата стануваат едно. Во него живеат Пикси девојчињата, џуџиња, самовили и животинки, шарени ликови кои имаат посебни улоги во заедницата и сите имаат посебни особености поради магијата што им ја дава волшебното Дрво на животот.

Пикси се должни да се грижат за волшебното дрво, да го негуваат и да го чуваат на сигурно, додека неговите магични сили ги штитат од надворешни закани. Дрвото на животот е покриено со магични глобуси полни со позитивна енергија што сјае како пенлива, маѓепсана прашина.

Кога кој било Пикси го користи својот талент за доброто на заедницата, Дрвото на животот го наградува неговиот успех со еден магичен свет, поради што тој станува Поп Пикси – уште подобар и помоќен член на Пиксиевил.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Децата учат и се дружат со „Јана“ секое неделно утро на Канал 5

Секоја недела наутро во 10.20 часот, Канал 5 ќе ја емитува едукативната цртана серија „Јана“ …

error: Содржината е заштитена!