Националниот српски ТВ канал Пинк емитува во текот на целиот ден турски сапуници од Канал 7, турска ТВ позната по емитирање на дневни сапунски серии, односно серии од типот на Елиф, Ветување, Крваво цвеќе, Заблуда, Искушение, Аманет, Ранети птици …

Тој тип на серии кај нас се прикажуваат на Канал 5 телевизија.

Но, разликата е што во Србија истите немаат воопшто репризи, додека кај нас, имаат и тоа по неколку репризи на телевизијата на која што се емитуваат.

Кај нас, турските сапуници се прикажуваат премиерно во прајмтајм од понеделник до петок, со ноќни репризи по 23.30 часот и со репризи наредниот ден од 13 до 18 часот, и ако тоа ви се чини малку… сабота и недела и преку ден и во прајмтајм се емитуваат повторно репризи од турските сапуници.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
