Почетна / Сапуници / Неверојатен пожар ќе го одбележи стартот на „Во пламен” на Канал 5

Неверојатен пожар ќе го одбележи стартот на „Во пламен” на Канал 5

Од понеделник до петок на Канал 5 телевизија ќе се емитува најновата турска драма “Во пламен”, серија која ќе го одбележи престојното лето. Снимањата само што завршија во Турција, а сега ексклузивно и во Македонија на Канал 5 од вторник, 26 мај.

Се работи за адаптација на француската серија “Le Bazar de la Charité” на Нетфликс, приказна за вистинита трагедија која се случила на позната француска добротворна забава на крајот на 19. век; трагедија во која животот го изгубиле стотици луѓе.

Овојпат, во турската адаптација, следиме модерна приказна која се базира на иста таква трагедија – пожар кој ќе запечати животи на многумина. Кога пламенот ќе разгори, во пустош и пепел ќе се претворат животите на три жени.

Три жени кои како феникс ќе мора да се издигнат над пламените јазици и да започнат нови, сосема поинакви животи.


Џемре, заедно со нејзината мала ќерка, се обидува да избега од насилниот кошмар на бракот кој го доживува откако се омажила со богатиот и злобен Челеби.

Руја никогаш не се соочила со горчливата страна на вистината во нејзиниот убав, привилегиран живот.
Чичек е на работ да го изгуби својот идентитет и нејзината убавина што е причина за нејзиното постоење и мотив за среќен живот.


Судбините на овие три жени се вкрстуваат на една забава, каде сосема неочекувано се случува голем пожар. Во пламенот умираат некои луѓе, но за овие три жени тоа е почеток на сосема нов живот.

Подобро или полошо, времето е тоа што ќе покаже, но нивната борба, истрајност и храброст ќе ги водат понатака, да ги заборават сите несреќи кои им се случија пред, но и да се справат со сета трагедија која им се случува по пламенот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!