Почетна / Забава / Во Битола започнува фолк фестивалот „Илинденски денови“

Во Битола започнува фолк фестивалот „Илинденски денови“

Со дефиле на фолклорни групи и друштва од државата и светот кое ќе се одржи на Широк Сокак и со орото „Комитско“ кое ќе се одигра на отворена сцена во поранешното ракометно игралиште, вечер во Битола почнува 49. издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

На петте фестивалски вечери ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.

НУ Центар за култура-Битола е домаќин и организатор на големиот културен настан, кој 49 години се организира во чест на народната култура и безбројните народни уметници, испраќајки пораки за мир, љубов и пријателств. од градот под Пелистер, на Илинден, ќе испратат пораки за мир, љубов и пријателство.

Според програмата, на првата фестивалска вечер ќе настапат КУД „Илинден“- Битола, ансамбл „Македонија“- Скопје, културно уметничките друштва „Ристо Донев учителот“- Штип, „Русалии“ од Секирник, „Јане Сандански“ од Неготино, „Китка“-Истибање и „Ибе Паликуќа“ од Скопје, а од странство на фестивалската сцена ќе се претстават гостите од Белгија, Индија, Израел и Мексико.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Екс Луна по повеќе од една деценија даде изјава за медиумите

Една од најубавите гласови во регионот, Маја Марковиќ (екс Луна) повеќе од една деценија се …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!