Почетна / Сапуници / Фото | Вистинското синче на „Шампионот“ наликува на она од серијата
Следете "Шампион" на Сител од понеделник до петок во 21.25 часот

Фото | Вистинското синче на „Шампионот“ наликува на она од серијата

Турскиот актер Толганај Саишман е роден на 17 декември 1981 година во Истанбул, а од рани години започнува да се занимава со манекенство.

Победил на неколку натпревари за убавина во 2002 и 2005 година, меѓу кои најзначаен е интернационалниот избор во Јужна Кореја.

Македонската публика го памети по главните улоги во турските сапуници “Лале”, “Збогум Румелија” и “Црниот бисер”, а ова лето е актуелен со улогата во “Шампион” на Сител.

Нашиот шампион во серијата од петни жили се бори за спас на неговото синче од кобната болест, истовремено приморан да се држи до ветувањето дадено на сопругата – никогаш да не застане во боксерскиот ринг.

Приватно, оженет е со позната албанска актерка и манекенка со која го има синчето Ефеџан. Малиот Ефеџан дури навистина наликува на детенцето на шампионот од серијата.

И токму безизмерната љубов кон својот син влијаела да актерот и во серијата “Шампион” целосно ја долови грижата на таткото кон синчето во борбата за неговото најмило.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Додека селото спие“, руска мелодрама секое попладне на ТВ 24

Од понеделник до петок во 17.45 часот на ТВ 24 ќе се емитува “Додека селото …

error: Содржината е заштитена!