Почетна / Серии / „Меѓи и Бјанка“ со нови модни авантури во третата сезона на Сител

„Меѓи и Бјанка“ со нови модни авантури во третата сезона на Сител

На местото на анимираната серија “Винкс”, од овој викенд на Сител телевизија се емитува третата и последна сезона на тинејџерската серија “Меѓи и Бјанка”, надсинхронизирана на македонски јазик. Тин ситкомот за модерните пријателки е во италијанска продукција. Во улогата на Меѓи ја гледаме италијанската актерка Емануела Реи, а во улогата на Бјанка настапува Џорџија Бони.

Серијата започна кога американското девојче Меѓи добива стипендија за да учи на Академијата за мода во Милано, наjпрестижно училиште од тој тип во целиот свет. Во новото училиште се запозна со Бјанка, ќерка на моќен и богат италијански магнат во модната индустрија.

Двете доаѓаа од сосема различни средини и имаа спротивни карактери, па затоа меѓусебното запознавање не помина сјајно. Но, како минуваа епизодите, Меѓи и Бјанка успеаа да се запознаат подобро и заедно да зачекорат кон врвот во модниот свет. Истовремено, формираа музички бенд во кој ги покажаа своите музички таленти и способности.

Во новите продолженија на серијата, следете ги новите авантури на Меѓи, Бјанка и нивните пријатели. Средношколските денови се можеби најубавите за секого, па така и за нашите хероини следуваат низа драматични и весели моменти на смеа, музика, љубов, забава. Секое викенд утро во 10.30 часот – нова сезона на “Меѓи и Бјанка”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Светскиот хит „Breaking bad“ стартува оваа есен на МТВ 1

Оваа есен, Македонската телевизија на својата програма ни ја носи една од најпознатите американски серии …