Почетна / МК Сцена / Видео | Во интервјуто, Елена покажа како треба да звучи една ѕвезда

Видео | Во интервјуто, Елена покажа како треба да звучи една ѕвезда

Македонската поп ѕвезда Елена Ристеска неодамна ја издаде нејзината нова песна со видео запис која како и сите нејзини песни, привлекува големо внимание. “Ме боли за сѐ” е насловот кој и те како разбуди големо внимание како кај медиумите и публиката, така и кај постојаните следачи и хејтери на социјалните мрежи.

За идејата и поуката на песната зборува и Елена во подкастот “Кажи шифра”. Откако го изгледавме целиот поткаст, можеме слободно да кажеме дека уживавме како екипа во природноста, урбаноста и големината на една сосема нормална личност, а сепак ѕвезда, како што е нашата Елена.

Поткаст кој ќе ве насмее, но и расплаче. Поткаст кој ќе ве информира, но и поучи. Елена зборува за вредностите кои ги има, за она што го стекнала како вредност токму од нејзиното семејство, но и за спомените и болката од отсуството на нејзиниот татко. За музиката и талентите, за љубовта и желбите.

На начин кој е толку разбирлив за публиката, но и толку прифатлив и срдечен за буквално уживање во сите ставови на пејачката.

Елена и по овој поткаст останува да важи како пример за нормална и воспитана јавна личност. Девојка која треба да е пример за сите нови пејачки на македонската естрада како со харизма и нескандалозност, така и со нејзиниот поглед кон работата и животот. Млади пејачки и девојки, гледајте и учете – маестралната Елена Ристеска и супербрендот Каролина Гочева се пример за успешност, галантност и големина !

Поддршка за Елена со желба за нови песни и многу албуми :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мартија на жешко столче – зборува за односот со Антониа Гиговска

Во новата епизода од подкастот Жешко Столче, гостинка е Мартија Станојковиќ. Зборува за односот со …

error: Содржината е заштитена!