Почетна / Серии / Премиерни епизоди од врвната шпионска серија „Американците“

Премиерни епизоди од врвната шпионска серија „Американците“

Премиерни епизоди од врвната шпионска серија исполнета со многу акција, политички пресврти и неочекувани игри за моќ и правда.

Добитничка на неколку Прајмтајм ЕМИ награди, како и Златен глобус за најдобра ТВ серија. Стана една од ретките телевизиски драми што освои две награди Peabody за време на нејзиното прикажување.

The Hollywood Reporter и Американскиот филмски институт ја сместија во топ 10 најдобри серии на сите времиња, ставајќи ја во рангот со култните “The Sopranos” и “Breaking bad”.

Напнатоста која нè држеше будни во првите сезони продолжува и во следните продолженија од приказната за руските шпиони, инфилтрирани на американско тло за време на Студената војна во 1980-тите.

Филип и Елизабет ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го чуваат во тајност својот шпионски живот, но за тоа веќе ќе почнат да дознаваат и нивните најблиски. Во исто време, новата уникатна операција на која се подложуваат, го оптоварува нивниот брак, а тајните планови повторно носат голема опасност за земјата.

Од понеделник до петок на полноќ, ја следиме “Американците” на национална македонска фреквенција.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

error: Содржината е заштитена!