Почетна / МК Сцена / Видео | Македонката во IDJ Show „растури“ со изведбата на „Зајди, зајди“

Видео | Македонката во IDJ Show „растури“ со изведбата на „Зајди, зајди“

Младата пејачка Барбара Поповиќ, која има охридско потекло, водушеви со изведбата на песната „Зајди, зајди“ во српското музичко „IDJ Show“, кое секоја недела го следите и на Алфа телевизија.

Нејзиниот моќен и импресивен вокал не ги остави рамнодушни како публиката, така и жирито и следбениците на социјалните мрежи.
„Моја Македонијо“ – напиша Барбара под својата објава од настапот на шоуто.

Барбара е дипломиран оперски пејач, а има завршено и основно и средно музичко училиште каде напоредно со клавирот изучувала и соло пеење. Добитник е на многу награди од натпревари како во земјава, така и надвор од неа. На стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија, Барбара ги испеа и двете химни на Македонија и Италија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Концерт на Владо Јаневски на 8 август во Антички театар во Охрид

Еден од најзначајните автори и изведувачи на македонската музичка сцена, Владо Јаневски, ќе одржи ексклузивен …

error: Содржината е заштитена!