Почетна / Забава / Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Видео | Македонецот од Гранд сними кавер на балада од Тоше

Македонскиот пејач кој повторно го гледаме во најпопуларното регионално музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Стефан Величковски ја обработи најубавата балада на Тоше Проески и сними видео за неа.

Годините поминуваат, но спомените остануваат… Затоа во твоја чест, најголем меѓу најголемите Тоше Проески, ја испеав една од твоите најубави балади со надеж твојот лик и дело никогаш да не згаснат, напиша Стефан под видеото од кавер-верзијата.

Stefan Velickovski – Jos uvek sanjam da smo zajedno (cover)

Godinite pominuvaat, no spomenite ostanuvaat…. Zatoa vo tvoja chest najgolem megju najgolemite Tose Proeski je ispeav edna od tvoite najubavi baladi so nadez tvojot lik i delo nikogas da ne zgasnat… Audio i video D.R.D_media

Gepostet von Stefan Velickovski am Mittwoch, 30. Oktober 2019

Аудио обработката на песната Још увек сањам да смо заједно ја направи Дарко Ристовски, а видеото е снимено во просториите на продукцијата „ДРД Медиа“.

Величковски годинава повторно учествува во „Ѕвездите на Гранд“ и негов ментор е рокерот Ѓорѓе Давид Николиќ. Минатата година негов ментор беше атрактивната пејачката Вики Миљковиќ која лавовски се бореше за него.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради пандемијата,, „Ohrid Calling” се одложува за следната година

Aвалон продукција со соопштение до своите фанови и македонската јавност, која знае што е квалоитет. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!