Почетна / Серии / Видео | Кој треба да реагира за тоа што Нова С вметнува погрешен титл?

Видео | Кој треба да реагира за тоа што Нова С вметнува погрешен титл?

Демек ставиле титл и ги почитуваат законите?

Правата за емитување и реемитување програма во земјата се уште се толкуваат на различни начини од различни центри, во зависност од тоа на која група oд интерес им припаѓаат.

Без разлика на тоа, постојат кабловски телевизии со права за кабелско емитување на содржини во Македонија кои очигледно не ги почитуваат законите во земјава. Една од нив е кабловската Нова С, која веќе една недела ја емитува американската серија “Бруклин 99” со сосема погрешен титл на македонски јазик. Наместо превод на соодветната епизода, Нова С вметнале превод од некоја друга епизода… и така по ред одат епизодите, без никој од телевизијата да реагира за овој голем пропуст кој е на штета на македонскиот гледач.

 

Истово да се случеше со било која македонска телевизија, досега Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги ќе делеше опомени, а можеби и казни.

Време ли е некој да го санкционира ваквото каубојско однесување на Нова С и да излезе конечно во пресрет на македонските компании кои ги почитуваат законите и македонските гледачи кои имаат право на квалитетен пренос на ТВ програма?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Американскиот ситком „Судење и грешка“ на Телма во 15 часот

Oд понеделник до петок на Телма во 15 часот ќе се емитува американскиот ситком “Trial …

error: Содржината е заштитена!