Почетна / МК Сцена / Видео | Елена ја отпеа химната и порача „Јас знам за една Македонија“

Видео | Елена ја отпеа химната и порача „Јас знам за една Македонија“

Македонската поп икона, Елена Ристевска ја пееше македонската химна на прославата на Американската амбасада по повод 4 јули, Денот на Америка и притоа со емотивен статус се обрати на социјалните мрежи:

Македонската химна е гордост и чест да ти доверат да ја отпееш. Секогаш со посебно чувство сум ја пеела, бидејќи не е било која песна, химната е песна на еден цел народ, МАКЕДОНСКИ НАРОД. Јас знам за една Македонија без придавки (освен придавката “Република”) за која сум учела и во која живеам од кога знам за себе, за еден јазик – МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК кој впрочем го говорам, знам за една нација или народ за кого пеам 20 години. Исто толку години ја претставувам мојата нација и мојата земја насекаде низ светот, а таа земја се вика МАКЕДОНИЈА. И токму сега во овие тешки моменти треба да ечи насекаде МАКЕДОНСКАТА ХИМНА , бидејќи носи силна порака. Покрај споменување на револуционерите и народот кои се бореле и умреле за татковината, се споменува само едно име – МАКЕДОНИЈА и еден народ – МАКЕДОНСКИ. Ова не е време за било какви поделби и овој коментар нема никаква политичка конотација- има исклучиво патриотска.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!