Почетна / Сапуници / Видео | Децата на „Тажна жена“ добија награда и се расплакаа на сцена

Видео | Децата на „Тажна жена“ добија награда и се расплакаа на сцена

Солзи и емоции на доделувањето на престижните турски награди “Altın Kelebek” (Златна пеперутка). Имено, на наградите за најдобрите за 2018-та година, турската актерка Özge Özpirinçci доби златна пеперутка за најдобра актерка, токму поради улогата во потресната драма “Тажна жена”, која со емитување започна неодамна на Канал 5 телевизија.

Во играната серија, таа ја толкува улогата на Бахар, млада жена и пожртвувана мајка, чија најголема среќа, но и најголема грижа се токму тие двете – дечињата за кои е подготвена и животот да го даде.

Покрај неа, награди за најдобри млади актери добија и самите деца од серијата. На сцена излегоа дечињата кои ги толкуваат улогите на слатките Нисан и Дорук, децата на тажната жена. Возбудена од наградата која ја добива, малечката Нисан се расплака на сцена, по што доби громогласен аплауз и поддршка од целата публика, како и од нејзиното братче и мајка од серијата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!