Почетна / Сапуници / Турските заводници делат иста среќа – и вљубениот ерген ќе стане татко

Турските заводници делат иста среќа – и вљубениот ерген ќе стане татко

Добри и среќни вести стигнаа од познатата актерска двојка, Бариш Ардуч и Ѓупсе Озај, кои пред две години стапнаа на лудиот камен во Чешме. Се дозна дека Ѓупсе Озај, која долго време не е видена во јавноста се наоѓа во шестиот месец од бременоста.

 

Бариш Ардуч, кој во јули 2020 година се ожени со својата колешка, Ѓупсе Озај, со која е веќе седум години заедно, претпочита да го живее приватниот живот подалеку од јавноста.
При присуството на една јавна забава, пред само неколку недели, на прашањето „Дали сакате деца?“ сопругата на Бариш Ардуч, Ѓупсе Озај, им се насмевна на репортерите и рече: „Уште малку време“.


На прашањето дали работата им попречува да ги завршуваат своите семејни обврски, згодниот актер одговори: „Не, тоа не се случува, иако тоа е природата на нашата професија. И двајцата сме луѓе кои меѓусебно се почитуваат и разбираат.“

Неколку дена по оваа изјава, беше откриено дека Озај е бремена во шестиот месец. Познатата новинарка, Омур Сабунџуоглу на својот профил на социјалните мрежи објави: „Станувам тетка. Само што разговарав со Ѓупсе. Тие се во шестиот месец од бременоста и се многу добро“.

Бариш Ардуч и Ѓупсе Озај, кои почнаа се заљубија за време на снимањето на еден заеднички проект во 2014 година, својата долгогодишна врска ја крунисаа со брак во 2020 година.
Бариш постојано вели дека бракот не му го променил животот драстично: „Ништо не се смени во мојот живот откако се оженив. Заедно сме седум години, бракот ни стана симболична работа, ништо не се смени. Имаме добар вкус“, рече тој.

Во моментов, Бариш и неговиот извонреден талент, имаме прилика да го гледаме на малите екрани во улогата на Кузгун во фантастичната серија „Гавран“ на Дизи каналот, а македонската публика особено се сеќава на него по улогата на “Вљубениот ерген”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!