Почетна / МК Сцена / Видео | Деби синглот на Калина Александар доби и видео запис

Видео | Деби синглот на Калина Александар доби и видео запис

“Да не те познавав” е насловот на деби синглот на младата и талентирана Калина Александар. Со оваа песна таа настапи во дебитантската вечер на Макфест 2024 и според гласовите на публиката и стручното жири, го обезбеди своето место во главната вечер на фестивалот каде што имаше привилегија да настапи рамо до рамо со веќе етаблирани имиња од македонската поп сцена.

Калина Александар има 18 години и е четврта година во МБУЦ “Илија Николовски Луј” во Скопје. Нејзината пасија кон пеењето и танцот се преточува на сцената играјќи водечки улоги во различни мјузикли. “Да не те познавав” е всушност нејзиното огнено крштевање на поп сцената.

Комплетен автор и продуцент на песната е Александар Масевски за која е изработен и видео запис :

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фолк Фест Валандово 2026 ќе биде едно од најсилните изданија

Валандово на 26. и 27. мај повторно ќе биде центар на македонската народна песна. Фолк …

error: Содржината е заштитена!