Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Веќе шестта година „Стројник“ без престан се емитува на Алфа

Веќе шестта година „Стројник“ без престан се емитува на Алфа

Српската риалити емисија “Стројник” започна со емитување на Алфа телевизија во почетокот на 2021 година и од тогаш, буквално секоја вечер е дел од прајмтајмот на телевизијата.

Освен тоа што емисијата секоја вечер оди од 19.15 часот до 22.15 часот, истата се репризира и следниот ден во 10 часот наутро.

Ударен термин со српска риалити емисија во која на српските стари моми и ергени им се бара брачен другар. И додека во соседните земји како европска Бугарија, европска Грција и (на сигурен пат кон ЕУ) Албанија, се емитуваат лиценцирани формати од светски квизови и шоуа, кај нас, на народот му се сервисира… Проводаџија.

Дали Алфа телевизија конечно ќе ги следи трендовите на другите телевизии во регионот и Европа и ќе вметне нови, премиерни и свежи содржини во ударните термини?

Дали македонските гледачи на националната Алфа ТВ заслужуваат да видат светска и премиерна програма – светски шоуа, светска забава, светски серии, светска продукција ?

Дали во новата година, ќе има било какви новитети во програмската шема во прајмтајм на Алфа или повторно политички дебати и Стројник ќе ја пополнуваат програмата на националната телевизија?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Два победника во финалето на „Звезде Гранда“ оваа сабота

Завршницата на најгледаното музичко натпреварување во регионот „Ѕвездите на Гранд“ носи бројни новости, неизвесност каква …

error: Содржината е заштитена!