Почетна / Серии / Теленовели / Ве запознаваме со содржината на новата хит новела на Сител

Ве запознаваме со содржината на новата хит новела на Сител

Ексклузивно на телевизија Сител нова играна серија за нови утрински прераскажувања. “Розевиот дијамант” се емитува од понеделник до петок во 10 часот наутро и е во продукција на гигантот Телемундо, кој ги создаде популарните Скриени страсти, Барајќи го тато, Циганки, Анали, Марина, Зоро… Во продолжение ве потсетуваме како започна латиноамериканската теленовела, а потоа со задоволство вклучете се во приказната која ќе ве врати во времето на омилените телевизиски хероини.

Во почетокот на приказната се запознавме со Росаура, префинетата сопруга на Едуардо Сотомајор, претседател на една од најголемите мексикански компании. Но, оваа навидум безгрешна дама има љубовник, а од таа врска сосема неочекувано и непланирано, Росаура забременува и раѓа девојче.

Поради тоа што се работи за дете од љубовникот, Росаура одлучува да се ослободи од детето и затоа ѝ плаќа на огорчената и таинствена Ракел да го тргне бебето. Ракел го остава девојчето во интернат за девојчиња, заедно со 18 бели и еден розов дијамант. Со секој бел дијамант е платена една година од сместувањето на девојчето во интернатот, а последниот, розевиот дијамант треба да се предаде оној момент кога девојчето ќе стане полнолетна. Директорката на интернатот, Мис Хелен и нејзиниот љубовник и соучесник Рамон ѝ го даваат името Роса на оставеното дев0јче.

Годините поминуваат, а Роса од симпатично девојче прераснува во преубава девојка. За неа најголемото богатство се соништата, а во интернатот се дружи со Ева, која е нејзина најдобра пријателка. Ева е во врска со Хосе Игнасио Алтамирано, млад претседател на фирма која е конкуренција на семејството Сотомајорови. Од таа врска, Ева останува бремена, но по породувањето, се случува голема трагедија и таа умира.

Како би го исполнила аманетот даден на покојната другарка, Роса е приморана да започне нов живот. Го превзема нејзиниот идентитет и грижата за штотуку роденото синче, па затоа е решена да му се одмазди на богатиот Хосе Игнасио, убедена дека токму тој е одговорен за смртта на Ева. Меѓутоа, играта на одмазда за кратко време се претвора во љубов, а кога добро криените тајни ќе испливаат на површина, Роса ќе сфати дека животот за кој мислела дека не ѝ припаѓа ѝ е всушност многу близок.

Роса е на чекор до големото откритие, на чекор до вистината за нејзиното биолошко семејство…. но какви интриги следуваат во приказната за розевиот дијамант, дознаваме секое утро на Сител телевизија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Неочекуван пресврт oчекувајте во следните епизоди на „Фазилет“

Неверојатен пресврт во следните епизоди од вашата омилена серија “Ќерките на Фазилет”. Секоја вечер во …