Почетна / Сапуници / Умира ли вашиот омилен „Женкар“ – крај на сезоната на Канал 5

Умира ли вашиот омилен „Женкар“ – крај на сезоната на Канал 5

Хит серијата за една голема и необична љубов дојде до самиот крај на првата сезона.

Вечерва на Канал 5 во 22.30 часот ќе биде прикажана последната епизода за оваа сезона од семејната драма “Женкар”, серијата која стекна голема популарност на социјалните мрежи.

Тогаш кога сè се чини надежно за Сејран и Ферит, токму тогаш кога гледачите со радост ќе ја дочекаат нивната повторна прегратка и баш тогаш кога вашите омилени ликови треба да се повторно заедно, се случува трагедија која ќе го промени текот на дејството и ќе ве остави со подзинати усти.

Наместо радост и среќа, на вашите лица како непресушна река ќе се слеат солзите од тоа што следува на самиот крај на сезоната. Крвави солзи пред кои и небото ќе заплаче, а ветриштата на злото ќе ја сменат нивната судбина.

Умира ли вашиот омилен Ферит на крајот од оваа сезона? Бидете со Канал 5 и не пропуштајте го крајот на првата сезона од “Женкар”, а за повторна дружба со овие или можеби нови ликови, ќе бидете навремено известени.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Брачни игри | Ве запознаваме со Серген од новата хит серија

Серген Гунај е успешен бранител. Тој е добар татко, особено е приврзан за своите деца. …

error: Содржината е заштитена!