Почетна / Сапуници / Турската мини серија „Мајки и маќеи“ започнува на кабловскиот TDC

Турската мини серија „Мајки и маќеи“ започнува на кабловскиот TDC

Сместена во 70-тите години во Турција, оваа серија ја раскажува приказната за две млади жени чии животи неочекувано се испреплетуваат. Од понеделник до петок во 18.40 часот ќе ја следите “Мајки и маќеи” премиерно на кабловскиот канал TDC на операторот А1. Репризните изданија се навечер во 22.45 часот и во текот на утрешниот ден.

Кадер е убава и наивна девојка која живее во едно мало село. По смртта на нејзините родители, таа се преселила кај својата болна тетка во една мала куќа, но и почнала да работи како би обезбедила пари за домот. Кадер е заљубена во Мустафа од селото. Кадер и Мустафа планираат да се венчаат наскоро и да го реализираат својот сон за заеднички среќен живот.

Но, на нивната среќа се спротиставува злобниот Салих ага, таткото на Мустафа, кој ја сака Кадер за своја втора жена, а не за снаа. Поради тоа, Мустафа и Кадер решаваат да се венчаат тајно и да избегаат од селото. Сепак, непосредно пред нивното бегство, Кадер е силувана од нејзиниот иден свекор, Салих Ага, поглаварот на селото.

Во очајна ситуација, Кадер остава сè зад себе и бега од селото без да му каже ништо на нејзиниот сакан Мустага. Таа сака да ја заштити гордоста на Мустафа и не сака тој да стане убиец на сопствениот татко.

Од друга страна се запознаваме со Зелиха. Зелиха е паметна и образована жена чија страсна врска со активистот Мурат ја доведува во голема опасност. Таа се мажи за Мурат без согласност на нејзиниот татко и се вклучува во политички пресметки меѓу десцницата (ултра-националистичките групи) и левичарската опозиција.

Во обид за бегство од полицијата, еден ден двајцата вљубени се кријат во куќата на Муратовата мајка Нериман, но таму се појавува неговиот чичко Ајхан и тајно го убива Мурат. Зелиха е сега оставена сама на себе, вдовица, но и бремена од нејзиниот починат Мурат.
9 месеци подоцна, животот на Зелиха и Кадер неочекувано се спојуваат. Зелиха е бремена од нејзиниот мртов сопруг Мурат, додека Кадер е бремена од Салих Ага. Двете девојки се породуваат во истата болница каде што работи Нериман, свекрвата на Зелиха.

Бебето на Кадер е родено мртво, додека Зелиха раѓа здраво момче. Сепак, Нериман решава да ги смени бебињата, на тој начин што ќе ја натера Зелиха да падне во очај и да замине во Шведска, а пак таа би останала тука, покрај непознатата девојка Кадер за да се грижи како медицинска сестра за нејзиниот внук.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ова е единствена успешна турска серија која не се емитувала кај нас

„Плима и осека” e доста популарна турска серија која претставува римејк на американскиот хит “Округот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!